Руски патнички авиони добиле дозвола да влезат во воздушниот простор на ЕУ, објаснета причината за исклучокот

од Stefanija Kuzmanovska
489 прегледи

Три руски патнички авиони добија специјална дозвола накратко да влезат во воздушниот простор на Финска и Естонија за да избегнат грмотевици, соопштија денеска официјални лица, цитирани од ДПА.

Европската Унија го затвори својот воздушен простор за руските авиони како дел од санкциите против Москва по руската инвазија на Украина, која започна во февруари минатата година.

Руската агенција за воздухопловство Росавијација преку специјална изјава им се заблагодари на европските соседи за помошта.

Сите три лета – на авиокомпаниите „Россија“, „Урал ерлајнс“ и „Нордвинд“ – беа извршени вчера до или од руската ексклава Калининград. Руските пилоти обично треба да летаат над Балтичкото Море наместо преку воздушниот простор на земјите-членки на ЕУ.

Финската транспортна агенција Fintraffic потврди дека се направени исклучоци поради лошите временски услови.

Слични содржини