Руски преговарач ги навреди Украинците поради коридорот: „Во суштина се фашисти“

од Nikola Popovski
178 прегледи

Членовите на руската делегација кои учествуваа на денешните преговори меѓу Украина и Русија дадоа свои видувања за денешната средба во Белорусија.

„Москва нема илузии дека следниот пат ќе има резултати. Оние кои не дозволуваат цивилите да минуваат низ отворените хуманитарни коридори, во суштина се фашисти“, ја обвини Украина Леонид Слуцки, член на преговарачкиот тим.

Членовите на руската делегација кои учествуваа на денешните преговори меѓу Украина и Русија дадоа свои видувања за денешната средба во Белорусија.

Членот на руската делегација Владимир Медински зборуваше за текот на преговорите со Украина.

„Долго разговаравме за проблемот со хуманитарните коридори, но се надеваме дека коридорите ќе почнат да функционираат утре. Очекувањата на руската страна не беа оправдани“, рече тој.

Друг член на преговарачкиот тим, Леонид Слуцки, кој е и пратеник во руската Дума, изјави дека преговорите биле многу тешки.

„Москва нема илузии дека следниот пат ќе има резултати. Оние кои не дозволуваат цивилите да минуваат низ отворените хуманитарни коридори, во суштина се фашисти“, додаде Слуцки.

Потсетуваме дека вечерва заврши третата рунда преговори меѓу Русија и Украина, а според зборовите на советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски е постигнат позитивен напредок.