Руски претставник: Ајде да ја уништиме Британија, па тогаш сите ќе разговараат со нас (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
1,1K прегледи

Рускиот парламентарен претставник Андреј Гуруљов во емисија на државната телевизија изјави дека би било добро „веднаш да се уништи Британија“.

„Не постои режим во Киев, режимот е во Вашингтон. Во Киев има лаици кои го прават она што им е кажано“, рече Гуруљов.

„Русија е единствената земја која може да претставува закана за целата територија на САД. Таа закана ќе ја дотера во ред целата ‘нечистотија’ во Вашингтон“, рече тој и потоа повика на уништување на Британија.

„Ајде да ја уништиме Британија одма“

„Сега е крајно јасно дека кога ќе кажеме ‘ајде да кренеме нешто во воздух’, ќе го направиме тоа. Ајде да ја уништиме Британија сега, без да го искористиме нашиот стратешки нуклеарен потенцијал. И тогаш веднаш сите ќе седнат и ќе почнат да разговараат со нас како што треба“.

Гуруљов, пишува Sky News, често имал вакви испади во јавноста. Тој претходно се закани дека ќе ја нападне Алјаска со проектили и рече дека Советскиот Сојуз „не отишол доволно далеку“ за време на Втората светска војна.

Слични содржини