Руски региони ја примија првата група на вакцини против КОВИД-19

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Руските региони ја добија првата група на вакцини „Спутник V“ против инфекција со коронавирус, објави РИА Новости, повикувајќи се на прес-службата на руското Министерство за здравство.

„Првата група на вакцини „Спутник V“ (Gam-Covid-Vac), развиена од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија при руското Министерство за здравство, веќе е испратена“, соопштија властите.

Во моментов, специјалните служби во Министерството развиваат логистички ланци за да ја направат испораката на лекот низ Русија што е можно полесна. Експертите во службите имаат и задача да најдат соодветна организација за да можат граѓаните што имаат висок ризик од инфекција да се вакцинираат што е можно поскоро.

Потсетуваме дека руското Министерство за здравство ја регистрираше првата вакцина во светот за превенција од коронавирус минатиот месец. Лекот, развиен во Центарот за електрохемиски истражувања „Гамалеј“, е ко-произведен со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Слични содржини