Руски „Телеграм“ втора најбарана апликација во САД

од Stefanija Kuzmanovska
428 прегледи

„Телеграм“, социјалната мрежа и услугата за безбедно испраќање пораки, кои потекнуваат од Русија, била преземена 545.000 пати во периодот помеѓу среда, 6 јануари и недела, 9 јануари, трипати повеќе отколку во истиот период минатата недела, пренесува „Спутник“.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека следел масовен егзодус на Американците во другите социјални мрежи затоа што е потешко да се контролираат од традиционалните, како што се „Фејсбук“ или „Твитер“, но и поради политиката на казнување на корисниците што ги водат мејнстрим социјалните мрежи.

„Телеграм“ доби 25 милиони нови корисници во последните 72 часа, изјави основачот на апликацијата, Павел Дуров.

Откри дека 38% од новите корисници доаѓаат од Азија, 27 од Европа, 21 од Латинска Америка, 8% од Блискиот исток и Северна Африка.

Слични содржини