Руски виролог: Сојот омикрон може да биде жива вакцина

од Nikola Popovski
262 прегледи

Сојот омикрон би можел да биде жива вакцина создадена од природата, изјави вирoлогот, дописен член на Руската академија на науките Петар Чумаков во интервју за рускиот портал „Ура.ру“.

Според него, постои оптимистичко мислење дека коронавирусот брзо ја поминал втората фаза од својата еволуција, дека станал позаразен, но помалку патоген.

„Добро е, бидејќи на тој начин природата можеби создала жива вакцина против корона вирусот. Значи, луѓето кои ќе се разболат и ќе го добијат овој сој ќе станат отпорни на соеви кои предизвикуваат болести“, објасни рускиот виролог.

Благодарение на појавата на омикронт, тврди Чумаков, светот би можел да заборави на локдауните. Сепак, сè уште не е познато дали овој сој ќе ги потисне другите соеви на коронавирус.

Светската здравствена организација соопшти дека новиот сој на коронавирус Б.1.1.529 (омикрон) „предизвикува загриженост“. Според претходните заклучоци на експертите, новиот сој може да зарази луѓе кои веќе биле заразени со коронавирусот, како и вакцинирани, додека симптомите варираат од замор до главоболки и болки во телото.

Слични содржини