Украинскиот суд денеска го осуди рускиот војник Вадим Шишимарин на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил за време на првото судење за воени злосторства од почетокот на руската инвазија.
Шишмарин (21), инаку командант на тенковската посада, претходно се изјасни за виновен за убиството на 62-годишен маж на 28 февруари во село во североисточна Украина.
Шишмарин изјавил дека му било наредено да пука во човекот од автомобил, пренесува „Ројтерс“.