Руски војник усмртил Украинка која го одбила оти ѝ се додворувал, обвини Киев

од Nikola Popovski
428 прегледи

Украина поднесе обвинение против руски војник кого го обвинува за убиство на Украинка за време на окупацијата на источниот град Изум, пренесува „Sky News“, повикувајќи се на украинската полиција.

Тамошната полиција соопштила дека 39-годишен руски војник, чие име не се соопштува, пукал во градите на 36-годишна Украинка, која ги игнорирала неговите „романтични“ додворувања. Убиството се случило за време на руската окупација на Изум, кој беше ослободен од украинските сили во септември минатата година. Оттогаш полицијата се обидувала да го утврди идентитетот на Русинот кој ја застрелал жената.

Украинската полиција наведува дека жената постојано ги игнорирала неговите „комплименти“. Во една прилика, кога дошла во штабот на руските сили да се поврзе на безжичен интернет и да го повика својот брат, војникот ѝ пришол и ја застрелал во градите.

„Тој ја искористил приликата и решил да ѝ се одмазди на жената која го одбила. Ја застрелал директно во градите, а жртвата од повредите починала“, соопштила украинската полиција, пренесува хрватски „Индекс“.

Делото за кое се товари е казниво од 10 години до доживотен затвор.

Слични содржини