Рускиот амбасадор Сергеј Кисљак, со ек на американската истрага за руската вмешаност во американските претседателски избори, во саботата го заврши својот мандат во САД.

Руската амбасада во Вашингтон објави на Twitter дека неговата работа ја презема Денис В. Гончар. Кисељак во Вашингтон беше амбасадор од 2008 година, а треба да го наследи заменик министерот за надворешни работи Анатолиј Антонов, кој треба да добие зелено светло од Кремљ.
Името на Кисељак се појави во истрагата заедно со некои имиња од соработници на Доналд Трамп и во моментот се води истрага за можни врски со предизборната кампања на Трамп и Русија.
Во петок, Washington Post извести дека американските разузнавачки агенции забележале дека Кисељак им кажал на своите надредени дека за важни прашања разговарал до Џеф Сесионс, државен адвокат, во текот на предизборната трка 2016 година, додека беше сенатор.
Првиот трампов советник за национална сигурост мајк Флин во февруари мораше да поднесе оставка откако ја затаи содржината на разговорите со Кисељак за американскиот претседател.
Во април New York Times пишуваше за зетот на Трамп и советник Џере Кушнер кој пропушти да извести за своите средби и разговори со Кисељак.
Москва негира дека се мешала во американските претседателски избори.