Рускиот амбасадор се побуни поради присуството на Османи на Советот за безбедност на ОН, Рама му одговори

од Nikola Popovski
524 прегледи

Русија се спротивставила на присуството на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи на дебатата во ОН, во улога на претседавач со ОБСЕ и реагирала до албанското претседателство.

Рускиот амбасадор Василиј Небензја го обвинил албанскиот премиер Еди Рама за „еклатантно кршење на процедурите“ и предупредил дека ова може да се претвори во шоу.

„Ние не сме против учеството на Зеленски, но работите мора да се спроведуваат според правилата. Оние кои не се земји-членки мора да зборуваат по земјите-членки. Албанското претседателство покажа јасни прекршувања“, рекол рускиот претставник.

Рама, кој вчера претседаваше со состанокот, како одговор на руската делегација нагласи дека дневниот ред е однапред испратен до сите членки на Советот за безбедност и дека било какви приговори требало да бидат изнесени пред почетокот на расправата.

Според албанскиот премиер, давањето збор на украинскиот претседател им дава можност на земјите-членки да одговорат на неговите прашања, што е долгогодишна практика на Советот за безбедност и во целосна согласност со правилата.

„Тешко ми е да го разберам второто прашање (за присуството на Бујар Османи) бидејќи ОБСЕ има голем придонес и ние сме тука благодарение на неговиот придонес. Да, претставникот на ОБСЕ е Албанец од Македонија, но би сакал да кажете јасно во што е проблемот. Морам да кажам дека од ваша страна целото ова предавање во оваа зграда е прилично впечатлив удар. Навредата овде е што (украинскиот претседател Володимир) Зеленски ќе зборува? Запрете ја војната и Зеленски нема да одржи говор“, порачал Рама.

Албанија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН на 1-ви септември.

Слични содржини