Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок го покани рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев, на разговор во врска со приведувањето на две лица осомничени за шпионажа за Русија, пишува весникот „Билд“.
Германското јавно обвинителство денеска соопшти дека двајца мажи се уапсени под сомнение дека вршеле разузнавачки активности во корист на Русија.
Обвинителството изјави дека се работи за германско-руски државјани.
Германското обвинителство соопшти и дека двајца мажи, Дитер С. и Александар Ј., биле уапсени под сомнение дека се руски шпиони кои подготвувале бомбашки напади во Германија.
Според обвинителството, Дитер бил во контакт со агент на руската разузнавачка служба од октомври 2023 година и учествувал во заговор за предизвикување бомбашки напади и подметнување пожари во Германија, вклучително и американски воени бази,.
Целта на тој заговор било да се поткопа воената помош што Германија и ја дава на Украина, а Дитер собирал информации за цели на потенцијален напад, пренесе Дојче веле.
Германската федерална полиција кај него пронашла фотографии и видео снимки од таргетираните предмети кои му ги испратил на директорот, а Александар му помагал најдоцна од март годинава.
Александар е обвинет и дека бил член на странска терористичка организација, односно воена единица на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) во источна Украина од 2014 до 2016 година.