Рускиот гас од Арктикот продаден 20 години однапред

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Рускиот енергетски гигант Новатек објави дека потпишал дваесетгодишни договори за откуп со акционерите на својот проект „Арктик ТПГ2“ за целата количина на течен природен гас од таа област, пренесе Танјуг.

Продажбата на течен природен гас (ТПГ) од првата фабрика за течност за гас треба да започне во 2023 година, наведува компанијата, пренесува „Русија денес“.

Количините на ТПГ за испорака ќе бидат пропорционални на сопственичките придонеси на секој од учесниците во овој проект, додаде Новатек во изјавата.

Леонид Микелсон, претседател на бордот на директори на компанијата, вели дека овие долгорочни договори помеѓу „Арктик ТПГ 2“ и нејзините акционери обезбедуваат иден приход од продажба на ТПГ и го прават овој проект без ризик.

„Ова е една од најважните пресвртници во привлекувањето надворешно финансирање за проектот, кое ќе биде завршено во 2021 година“, додаде тој.

Микелсон претходно изјави дека изградбата на фабриката ТПГ 2 на Арктикот е завршена 39 проценти и дека ќе биде пуштена во употреба како што беше планирано.

Проектот предвидува изградба на три постројки за течности (конверзија на гас во течна состојба) со капацитет од 6,6 милиони тони годишно, како и кумулативен капацитет за производство на гасен кондензат од 1,6 милиони тони годишно.

Новатек е мнозински сопственик на овој проект со учество од 60 проценти, а меѓу малцинските акционери има странски инвеститори, вклучително и француски Тотал (10 проценти), кинески ЦНПЦ (10 проценти) и ЦНООЦ (10 проценти) и јапонски конзорциум Микуи и ЈОГМЕК 10 проценти).

Слични содржини