Рускиот гас за Унгарија ќе минува низ Србија

од Nikola Popovski
326 прегледи

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека рускиот гас за Унгарија ќе помине низ Србија.

Тој изјави дека е потпишан договор со Газпром, според кој од 1 септември во земјава преку Турски тек, односно преку територијата на Србија дневно ќе пристигнуваат дополнителни 5,8 милиони кубни метри гас, пренесува РИА Новости.

„Постигнат е договор за испорака на гас во септември и октомври. „Газпром од 1 септември ќе продолжи да испорачува гас на Унгарија преку воспоставени договори“, рече Сијарто.

Во август максималниот број дополнителни испораки достигна 2,6 милиони кубни метри, додаде тој.

„Сега успеавме да потпишеме договор според кој од 1 септември преку јужниот правец, односно преку Србија, покрај утврдените договори, максималното количество на гас испорачувано во Унгарија дневно ќе биде 5,8 милиони кубни метри“, нагласи тој.

Во септември 2021 година, Унгарија и Газпром потпишаа договори за испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно во следните 15 години, од кои 3,5 милијарди кубни метри гас годишно поминуваат преку Србија (од Турски тек) и 1 милијарда преку Австрија.

Фото: Юрий Смитюк / ТАСС

Слични содржини