Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се одлучува колку луѓе ќе бидат повикани во армијата оваа пролет. Станува збор за 147.000 луѓе, пренесе вчера агенцијата ТАСС.
Сепак, рускиот генералштаб денеска соопшти дека не планира втор бран на мобилизација, бидејќи сегашниот број на доброволци и војници е доволен за исполнување на задачите на „специјалната операција“, како што ја нарекуваат војната во Украина.