Рускиот генералштаб: Не размислуваме за втор бран на мобилизација

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи Фото: Кирилл Кухмарь/ТАСС

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се одлучува колку луѓе ќе бидат повикани во армијата оваа пролет. Станува збор за 147.000 луѓе, пренесе вчера агенцијата ТАСС.

Сепак, рускиот генералштаб денеска соопшти дека не планира втор бран на мобилизација, бидејќи сегашниот број на доброволци и војници е доволен за исполнување на задачите на „специјалната операција“, како што ја нарекуваат војната во Украина.