244
Патријархот московски и на цела Русија Кирил е позитивен на коронавирусот, соопшти Владимир Легојда, претставник на Синодот за односи со општеството и медиумите.
Тој изјави дека се откажани сите закажани средби и патувања на патријархот Кирил, пренесува РИА Новости.
Легојда рече дека патријархот има изразени симптоми на корона инфекција и дека треба да мирува и да биде во изолација.