Рускиот патријарх Кирил го замолил архиепископот Стефан да се помоли за РПЦ во тешките моменти

од Nikola Popovski
346 прегледи

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска остварил телефонски разговор со патријархот Московски и на цела Русија Кирил. Поглаварот на МПЦ изразил искрена благодарност од името на епископијата, свештенството, монаштвото и мирјаните на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за признавањето на нејзината канонска автокефалност од страна на Руската православна црква.

-Неговото Блаженство Архиепископот Стефан се заблагодари и за посетата на Северна Македонија на високата делегација на Московската Патријаршија на чело со Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи митрополитот Волоколамски Антониј, во рамките на која во Лесновскиот манастир епископите на двете Цркви за прв пат заедно служеа Божествената Литургија со голем собир на верници во денот на празникот Свети Гаврил Велички. Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изрази искрена благодарност до Неговата Светост Патријарх Кирил за неговата љубов и внимание и изрази надеж дека наскоро ќе се сретне со него, велат од Руската православна црква (РПЦ).

Додаваат дека „патријархот Кирил зборувал за љубовта што верници од Руската православна црква традиционално ја чувствуваат кон своите православни браќа во Северна Македонија и изрази длабоко задоволство од обновувањето на нејзиното канонско заедништво со Помесните Православни Црквите и стекнувањето автокефален статус“.

-Неговата Светост Патријархот го увери соговорникот во непоколебливата сеопфатна поддршка од страна на Московската патријаршија и го замоли да се моли за Руската православна црква во овие тешки моменти, стои во соопштението на РПЦ.

Слични содржини