Рускиот пилот бил пронајден благодарение на сигнал од радио преносник

од Vladimir Zorba

12 часа по падот на рускиот авион Су-24 беше спроведена успешна акција на сириски и руски специјалци за спасувањето на вториот пилот кој не бил убиен при спуштањето со падобран. Тој веќе е во руската воена база во Латакија. Ова го соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

20151125.ziolqemgid

Според министерот, за неговото спасување ги ризикуваа своите животи неколку десетици руски беретки. Командантот на соборениот авион е убиен, како што претходно соопшти извор од сириската опозиција.

Навигаторот бил откриен откако е лоциран радио трансмитерот. Шојгу наложи на семејствата на загинатите двајца руски пилоти да им биде дадена материјална помош. Тој рече дека го информирал и Владимир Путин за руските акции во Сирија по спасувањето на пилотот и добил барање да се пренесе лична благодарност на претседателот за учесниците во акцијата.

Слични содржини