Откако Кристијано Роналдо , Пол Погба и Мануел Локатели ги тргнаа од масата каде требаше да држата прес-конференции шиишињата со „кока-кола“ односно пивото без алкохол „хајнекен“ и си зедоа вода, рускиот селектор Станислав Черчесов одигра контра потег на фудбалерите.
По победата на неговата репрезентација против Финска, Черчесов отвори едно од шишињата со „кока-кола“ кои се наоѓаа на масата преднего и се напи од газираниот безалхоколен напиток.
УЕФА ги извести фудбалерите и селекторите дека повеќе нема чепкање ниту на Кока Кола, ниту на Хајнекен шишињата на прес-конференциите, бидејќи тие не се таму случајно, туку таму се како рекламен материјал, а може само да се претпостави колку пари добила УЕФА од сето тоа.
Од Европската куќа на фудбалот порачаа дека националните федерации требало да ги информираат своите играчи за обврските кои се преземени откако се дојдени на ЕП и дека ако до казнување дојде, тоа ќе оди преку грбот на федерацијата, а не директно од сметките на играчите.
Ronaldo has started a trend, not the Russian Coach started to drink Coca Cola during the press meeting 😭😂 pic.twitter.com/67o6fPJAnl
— 💎¹⁴ 🏴 (@CoutinhoBeast) June 17, 2021