Рускиот суд му го продолжи притворот на новинарот на „Волстрит журнал“

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Московскиот суд во петокот му го продолжи притворот на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович за два месеца, додека го чека судењето за обвиненијата за шпионажа кои тој ги негира, наведува „Ројтерс“.

На видеото објавено од московскиот градски суд се гледа како новинарот стои во кафез со решетки во судницата и ја слуша одлуката со која му се продолжува притворот до 30 март.

Тој има право на жалба во рок од три дена. Претходните жалби за ослободување од московскиот затвор додека го чека судењето беа одбиени.

Гершкович беше уапсен на 29 март 2023 година во градот Екатеринбург на Урал и обвинет дека се обидел да дојде до државни тајни поврзани со воениот сектор.

Тој и неговиот весник жестоко ги отфрлаат наводите, а американската влада соопшти дека тој е „незаконски приведен“.

Слични содржини