Рускиот војник кому Украинците му судат: Жал ми е и искрено се каам

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Судењето за воени злосторства на 21-годишниот руски војник Вадим Шишимарин во Украина е одложено за понеделник. Ова е прво судење за воени злосторства откако Русија ја нападна земјата во февруари.

„Жал ми е и искрено се каам. Бев нервозен во моментот кога тоа се случи. Не сакав никого да убијам. Но, тоа се случи и не негирам“, рече тој на денешното рочиште.

Неговиот адвокат рече дека Шишимарин не бил свесен за тоа што се случува во Украина.

„Тој и другите руски војници не знаеја дека акциите ќе резултираат со масовни смртни случаи не само на војници, туку и на цивили“, рече адвокатот.

„Шишимарин беше во состојба на стрес предизвикан од борбената ситуација и притисокот од неговиот командант. Анализата на овие околности ми дозволува да заклучам дека Шишимарин немал директна намера да убие“, навел адвокатот.

Слични содржини