По инцидентот со соборениот руски авион добрите односи меѓу Москва и Анкара за неколку часа буквално се урнаа – сегашното ниво е толку ниска што во Русија политичарите продискутирале за можноста од воен конфликт. Четвртиот човек во хиерархијата на руската држава претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин рече дека Русија го остава за себе правото за воен одговор на дејствијата на Турција.

А Владимир Жириновски ја навести можноста од нуклеарен удар по Турција. “Истанбул лесно може да биде уништен: доволно е да биде фрлена една нуклеарна бомба и ќе биде избришан”, рече Жириновски на радио “Зборувај Москва”. За возврат, турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека Анкара и понатаму ќе прави сè што е потребно за безбедноста на нејзините граници, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека турските борбени авиони дејствувале во целосна согласност со правилата за употреба на сила и средства.
Кошмар за руската економија или цената од 30 долари за барел нафта!
Овие изјави беа дадени во позадината на зајакнување на руската војска во Сирија, која доби анти-авионски комплекс со голем дострел С-400, како и предислокација на ракетниот крстосувач “Москва” поблиску до воздухопловната база во Латакија. Инцидентот со соборениот Су-24 и после распоредувањето на средства за против-воздушна одбрана ја усложни ситуацијата во регионот, каде што се наоѓа руската воздухопловна база недалеку од турската граница. Колку се воено способни вооружените сили на Турција? Би можела ли Русија, како што рече Наришкин, да одговори на инцидентот со авионот со помош на воени средства?
Според различни проценки турските вооружени сили се едни од воено најспособните во светот. Тие не се толку хај како руската или западните армии, но се многубројни и релативно добро подготвени. Освен тоа Турција се наоѓа во поволна географска положба и е член на НАТО, што едвај не е најважниот фактор при оценувањето на воената моќ на Анкара. Само што ескалацијата на конфликтот до светско ниво е неповолна за Алијансата, доколку при тоа се зголемува ризикот за почеток на нуклеарна војна. Втора во НАТО, десетта во светот е оценката на потенцијалот на турски вооружени сили, (уште повеќе компаративната проценка на две армии) е нешто вонредно комплицирано и во предвид се земаат голем број фактори и услови.
Уште повеќе што турската армија, ако не биде искористено нуклеарно оружје, се смета за втората по воен потенцијал по онаа на САД меѓу земјите од НАТО, воениот блок, на кој стана член во 1952 година
Во согласност на индексот Global Power вооружените сили на Турција се наоѓаат на последното место во десетката на воено најспособните во светот (Русија е на второ место по САД). Овој рејтинг предвид повеќе фактори, вклучувајќи го бројот на вооружените сили, количеството борбена техника, како и БДП, финансиската состојба и дури такви индустриски индикатори како и производството на електрична енергија. Бројноста на вооружените сили според Global Power е над 400 000 луѓе (во Русија се над 700 000), во резервисти има 185 000, а во Русија се близу 2,4 милиони. Турските воздухопловни сили отстапуваат од руските по количина, а во нивниот состав влегуваат 1020 авиони – против речиси 3 500 во Русија. Односот кај авионите е 223 до 769. Во нивниот состав има американски F-16C (168 парчиња) и F-16D (40), дел од кои се надоградено во програмата Block 50. Ова се современи авиони од генерација 4+ кои не отстапуваат од боречките квалитети на рускиот Су-30см, кои се наоѓаат во Сирија и од кои во авиобазата во Латакија има 15. Останатите авиони се застарени F-4 од различни модификации.

Во копнената војска соодносот е уште повеќе во корист на Русија. На пример во турската армија има 3 778 тенкови (од нив околу 300 се од современите Leopard, останатите се постарите Leopard 1 M 60, M 48), а руските е над 15 000. морнарицата на Турција, исто така отстапуваат на бројот пловила на рускиот ВМФ – 115 против 352. Турција располага со значително послаби копнени средства за воздушна одбрана, оперативно-тактички ракетни комплекси. Само што вооружените сили немаат доволно блиндирана техника, реактивни, самоодни и др. артилерија. Според политичката географија сами по себе тие бројки не го одразуваат целосно односот на силите на двете страни, доколку тие не пријавуваат многу фактори, од кои еден е географската поставеност на земјата.
На пример во Црното Море Русија има само еден ракетен крстосувач, еден голем брод за борба со подморници, три стражарски бродови во далечната морска зона, шест мали бродови за борба против подморници и четири мали ракетни бродови, две дизел подморници. Во составот на турската морнарица има 16 фрегати, осум корвети и 13 дизел подморници. И Русија и Турција имаат сериозна флотила од борбени хеликоптери.

Турските вооружени сили се концентрирани во еден регион. Иако Турција да е доволно голема држава според степенот на регионот, таа има неедноставни односи со многу од соседите, но територијата и должината на нејзините граници се значително помали од оние на Русија. На пример, турската воена флота е распоредена само во две мориња – Црното и Егејското кои се наоѓаат едно до друго. Најглавниот географски фактор кој е од корист за Турција, е проткот – Босфор и Дарданелите, кои ги обединуваат овие мориња, и кои се јавуваат како единствениот пат од Средоземното Море за Црноморската флота. Турција целосно ги контролира и ако ги затвори при заострување на ситуацијата руските сили стационирани во Сирија и Медитеранот, може да бидат отсечени од базите за набавка, што вознемирува многу луѓе во Русија. Преминувањето на воени бродови и граѓански пловила во теснецот е регулирано од Конвенцијата Монтре од 1936 година
Според овој документ Анкара има право да ги затвори Босфорот и Дарданелите за воени бродови, само ако се наоѓа во состојба на војна. Само што официјалното прогласување на војна може да се добие со употреба и механизмот за колективна безбедност на Северноатлантскиот пакт – неговиот чл. 5 го дефинира нападот на една страна, како и на нејзините вооружени сили, како напад врз сите земји од Алијансата. При таков случај на кој и да било противник на Турција ќе му се наложи да се соочи со вооружените сили на НАТО. Противењето на Русија и овој воено-политички блок не е поволно за ниту една од страните, колку што Русија има нуклеарно оружје, и таква војна може да прерасне во нуклеарен конфликт. Борбена подготовка е уште еден фактор кој влијае сериозно на текот на кој и да било конфликт ,а дотолку повеќе и моралната состојба на војниците. Турската армија, според проценката на експертите, е една од најпознатите подготвени армии во регионот и во светот.
Таа се обучува според стандардите на НАТО. Како што истакна во интервју за БиБиСи експертот од Центарот за анализа на стратегиите и технологијата Константин Макиенко, турските војници имаат борбениот искуство. “Секако, антипартизанската акција против Курдите, се дефинитивно специфично искуство, но сепак искусниотт војник секогаш е подобар од несикусниот … Турските вооружени сили се со доста сериозна величина”, рече тој.

Како и руските вооружени сили, турската армија спроведува неодамна доволно многу вежби и учења, особено тоа се однесува и на пилотите. “Во Турција е развиен систем за подготовка на пилотите. Тие имаат на пример по сто летачки часа, колку и руските. Кај нив има малку повеќе симулатори, кај нас има вистински лет часови “, раскажува воени набљудувачи Илја Крамник.
Системите за рафали оган се користат активно во сирискиот конфликт. Како што раскажа за ББС турскиот експерт професорот од Карнеги-Европа Синан Улген, војската во Турција традиционално е елита во општеството. “Ова е една од најпочитуваните и дисциплинирани институции на општеството. Таквиот однос кон војниците е една од турските традиции, чии корени се во историјата “, рече тој.
Навистина, според зборовите на професорот, овој фактор има и негативна страна. Во текот на целиот XX век војниците се сметале себеси за чувари на секуларната турска држава, положена од Кемал Ататурк, и без двоумење отстрануваа од власт легално влада, ако видеа закана за уставниот поредок. Тие извршија три преврати во периодот меѓу 1960 и 1980 година и имаат долготрајна историја на противење со владејачката во земјата Партија на правдата и развојот, која е предводена од премиерот Ахмет Давутоглу. Оваа традиција беше уништена во почетокот на втората деценија на векот.
“На армијата беа нанесени неколку правни удари, за да биде ослабена нејзиното политичко влијание. Тие се покажаа успешни. Само што тоа влијаеше негативно на борбениот дух на војската. Многу од високата команда заминаа во затвор за злосторства, кои тие не извршиле “, раскажа Улген. Предности на Русија без да биде излистан потенцијалот на НАТО армијата на Турција е најсилна во регионот.
“Ова е голема армија, таа се потпира на растечките демографски ресурси и за таква голема војска таа е добро опремена”, рече Константин Макиенко. Според Илја Крамник предноста за Русија пред Турција се јавува со способноста на руските воздушно-вселенски сили да вршат воздушни операции при учеството на големи воздухопловни единици. Во рускиот воздушен парк од борбени авиони има стратешки бомбардери – Ту-95 и Ту-160. Во летото на 2015 година Русија имаше намера да распореди на Крим ракетоносачи-бомбардери Ту-22М3, за да се зголеми опсегот на нивните сили над Црното Море. “Имаме повеќе искуство стекнато во текот на последните години, по трансферот на авијацијата од оддалечените области на светот”, раскажа Илја Крамник. Конечно, според неговите зборови, квантификациската споредба на бројките не секогаш значи квалитативно супериорност. На пример во турската флота нема брод, аналогно на борбена моќ со црноморскиот крстосувачот “Москва”, вооружен со противобродски проектили.
