Руската служба за надворешно разузнавање има информации кои укажуваат на вмешаност на Западот во „терористички напад“ на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, изјави денеска директорот на таа служба Сергеј Наришкин.
„Веќе имаме некои материјали кои укажуваат на западна трага во организацијата и спроведувањето на овој терористички напад“, изјави Наришкин, пренесе „Танјуг“.
Тој додаде дека според него, Западот прави се за да ги скрие вистинските извршители и организатори на тој напад.
Во понеделникот беа откриени истекувања на гас од гасоводниот систем Северен тек во шведските и данските води на Балтичкото Море, при што Европската унија и НАТО изразија уверување дека инцидентот е резултат на саботажа.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека се глупави тврдењата дека Русија стои зад саботажата на гасоводот Северен тек и посочи дека руските власти не знаат што мислел американскиот претседател Џозеф Бајден кога на почетокот на февруари изјавил дека Северен тек 2 треба да биде отфрлени, иако Москва се сеќава на тие зборови.
Тој рече дека треба да се истражи инцидентот на гасоводите Северен тек 1 и 2 и дека „во теорија, таквата ситуација бара дијалог, брза интеракција на сите страни за што поскоро да се дознае што се случило“, но досега, како што додаде, „гледаме апсолутен недостаток на таков дијалог“.