Руските резерви на нафта се исцрпуваат во 2044 г.

од desk3
86 прегледи

Рускиот министер за природни ресурси и екологија Сергеј Донски соопшти дека докажаните резерви на нафта во земјата ќе бидат доволни за 28 години, пишува весникот “Россискаја газета”. Во моментов тие се околу 29 милијарди тони и се очекува да се исцрпат во 2044 година

naftata-540x320

Според Донски оваа нафта сепак може да се екстрахира од утробата на земјата само теоретски. Тој додаде дека обемот на докажаните резерви “, за кои знаеме каде и колку ги има, ги добиеме, е двапати помал – околу 14 милијарди тони, покажуваат проценките на експертите”, пишува Фокус.

Рускиот министер истакна дека расте процентот на тешка нафта, чиј ископ е поврзуван со развојот и на други технологии. Според неговото мислење екстракција на традиционалните резерви за нафта ќе почне да паѓа уште од 2020 година, затоа истражувањата нема да бидат запрени.