Руските сили ги нападнале Киев и Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Локалните украински власти, како и медиумите денеска соопштија дека руските сили во текот на ноќта го нападнале регионот на Киев, пренесува „Гардијан“.

Регионалниот гувернер на Киевската област, Олексеј Кулеба, не ја откри локацијата на нападот, но рече дека спасувачите се на местото на настанот.

„Русите во текот на ноќта го тероризираа регионот на Киев. Имавме неколку напади во една од општините во регионот. Спасувачите и сите служби за итна помош се на терен. Во тек е гаснење на пожарот и отстранување на последиците од нападот“, наведе Кулеба на Телеграм.

Градската управа на Киев издаде наредба да се огласат сирените за воздушен напад на полноќ, повикувајќи ги граѓаните да бараат засолниште. Руските сили наводно го нападнале југоисточниот украински град Запорожје во, како што се верува, уште еден напад во текот на ноќта.

Според зборовите на вршителот на должноста градоначалник на Запорожје, Анатолиј Куртев, руските сили го нападнале градот и околината, по што избувнал пожар, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини