Руските сили се обидуваат да навлезат во Азовстал

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, изјави дека руските сили утринава се обидуваат да навлезат на територијата на фабриката „Азовстал“ во тој град.

Андриушченко рече дека руските сили, додека трае гранатирањето, се обидуваат да се пробијат до централниот дел на фабриката, наведе УНИАН.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори се уште се концентрирани на блокирање на украинските војници во областа на фабриката „Азовстал“.

Слични содржини