Руските тенисери нема да имаат право да учествуваат на „Вимблдон“ оваа година поради инвазијата на Украина, се наведува во публикацијата на британскиот сајт „Sportico“.
Претходно овој месец, All England Lawn Tennis Club (AELTC), кој е домаќин на Гренд слем турнирот, соопшти дека е во преговори со британската влада за учество на играчи од Русија и Белорусија.
Организаторите велат дека планираат да ја објават одлуката во средината на мај пред крајниот рок на турнирот од 27 јуни до 10 јули.
AELTC не одговори веднаш на барањето за коментар.
Забраната за руските играчи ќе ги спречи светскиот рекет број два, Даниил Медведев и бр. 8, Андреј Рубљев да се натпреваруваат во машка конкуренција. Анастасија Пављиченкова е 15-та во женската ранг-листа.
Изданието вели дека не е јасно дали и белоруските играчи ќе добијат суспензија. Белорусија е клучна територија во она што Русија го нарекува „специјална операција“ во Украина.
Меѓународната тениска федерација им забрани на тенисерите од Русија и Белорусија да учествуваат на екипни турнири по инвазијата. На поединечни играчи им е дозволено да играат, но не со името или знамето на нивните земји.