Руските трупи уништиле уште два „патриота“ во Киев

Украинските сили се почесто ги распоредуваат овие системи во близина на линијата на фронтот настојувајќи да ги спречат нападите на тактичките бомбардери „СУ-34“

од Бети Божиноска

Вооружените сили на Русија уништиле уште два ПВО система „патриот“ стационирани во близина на аеродромот „Жуљани“ во близината на Киев, пренесува ТАСС повикувајќи се на изјава на припадници на силите за безбедност.

„Го потврдуваме уништувањето на два ПВО система „патриот“ на „Жуљани“,“ велат припадници на руските служби за безбедност, додавајќи дека меѓу екипажот на американскиот систем имало платеници од земјите на НАТО.

Руската армија од почетокот на годинава уништи неколку „патриоти“. Украинските сили се почесто ги распоредуваат овие системи во близина на линијата на фронтот настојувајќи да ги спречат нападите на тактичките бомбардери „СУ-34“ кои секојдневно испуштаат децетици „едречки“ авиобомби врз позициите на украинската војска.

Слични содржини