Руските ТВ канали нема да се реемитуваат во С. Македонија

од Nikola Popovski
250 прегледи

Кабелските оператори ќе мора да ги исклучат руските канали што се реемитуваат на територијата на С. Македонија, соопштија од владината прес-служба за „Локално“.

-Владата препорача на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава, се вели во дописот.

Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ и се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека забраната за емитување на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ на европско почва може да биде контрапродуктивно.

Н.П.