Руските власти ќе ги блокираат рускојазичните страници на “Википедија”

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Руските власти пристапија кон блокирање на рускојазичните страници на “Википедија”, пренесе Газета.ру.

москва
По социјалната мрежа “Руската Википедија” соопшти дека од 25 август повеќето корисници нема да имаат пристап до комплетната нејзина верзија.Мобилната верзија најверојатно ќе продолжи да работи, бидејќи е со различна  IP адреса.
Минатата недела руската служба за надзор на информатичката технологија и масовните комуникации побарааод администрацијата на “Википедија” да се урнат статиите во кои се содржи информации за начините за правење на дрога . Канцеларијата  се закани дека ако тоа не биде направено, ќе го блокира пристапот до овие страници. “Википедија” работи со HTTPS протоколи, кои не дозволуваат ограничување на пристапот до одделни страници, поради што ќе бидат блокирани сите ресурси на електронска енциклопедија.