Нивото на водата околу браната Нова Каховка во јужна Украина, која беше цел на напад во текот на ноќта, се зголеми на пет метри, а неколку острови низводно се веќе целосно поплавени, јавува руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на локалните власти.
Засега 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужниот украински регион Херсон се во опасност од поплави по експлозијата на браната, изјави прорускиот менаџер на регионот, пренесува РИА.
Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека до 80 населени места се изложени на опасност од поплави откако браната е оштетена. Проруски функционер во градот Нова Каховка изјави дека жителите на околу 300 куќи биле евакуирани по пробивањето на браната.
ТАСС ги пренесе и зборовите на рускиот градоначалник на Нова Каховка, Владимир Леонтиев, кој рече дека во дел од градот е исклучена струјата од безбедносни причини.
Руски функционер во украинскиот град Новаја Каховка денеска изјави дека најверојатно ќе биде невозможно да се поправи браната, откако експлозија предизвикала дупка во структурата.