255
Русија денеска објави дека спречила напад со токсичен гас подготвен од украинските специјални служби во украинскиот регион Запорожје, делумно под контрола на руските сили.
„Одбиен е обидот за напад на украинските специјални служби во областа Запорожје, за кој требаше да се користи еквивалент на отровниот воен агент „БЗ“, според класификацијата на НАТО“, соопшти Руската служба за безбедност (ФСБ).
Токсичните агенси запленети за време на операцијата „се користат за производство на хемиско оружје за масовно уништување и се дизајнирани во САД“, се додава во соопштението на ФСБ.
Во тек е истрага за планираниот напад и производство на оружје за масовно уништување.
Руските власти уапсија тројца украински државјани, додаде истиот извор.