Министерството за одбрана на Руската Федерација во петокот соопшти дека руската армија се повлекла на „поповолни одбранбени позиции“ до резервоарот лоциран североисточно од Бахмут, пишува The Guardian.
Ова е прво признание од Москва дека Украина успешно ги освоила окупираните делови на Бахмут, град на истокот на земјата што Русија се обидува да го освои повеќе од 10 месеци.
Во тие битки градот бил речиси целосно уништен, а предвоените 70.000 жители одамна го напуштиле.
Изјавата на руското Министерство за одбрана дојде откако Киев соопшти дека Украинските сили освоиле околу два километри простор околу градот оваа недела.
Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар изјави дека Украина не изгубила ниту еден војник за време на таа офанзива.