331
Обвинителката Вилма Рускоска смета дека ја докажала вината на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева во случајот „Рекет“. Таа смета дека и јавноста е уверена во нивната вина и оти тоа се гледа и од доказите кои беа презентирани во судската постапка.
Tаа вели дека дека на 21 февруари 2019 година, Зоран Милевски навистина враќа торба во домот на Камчев, но оти тоа не е „Луј Витон“.
Кичеец носи ташна, но црна со големи рачки која и по изглед и по големина се разликува од Луј Витон“-убедена е обвинителката.
Според Рускоска, на 22 и 23 февруари ниту Зоран Милевски ниту Бојан Јовановски не биле дома кај Камчев.