На почетокот на јануари ќе има обвинение за „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска за време на акцијата на иницијативата „Не биди ѓубре“ со јавната администрација за чистење на градотСкопје.
Таа информираше дека осомничените веќе извршиле увид во доказите.
Во овој случај покрај Јовановски, осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски која беше почесна претседателка на сојузот и други лица.
Обвинителството на 9-ти октомври отвори истрага за измамите кои ги направил Сојузот со изградба на центри за возрасни лица, за кои се барале пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.