Рускоска со цитат од Гоце Делчев го започна судењето за 27 април

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се одржува ново рочиште за случајот за организацијата на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Во предметот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Првото рочиште за овој судски процес беше закажано за 21 февруари, меѓутоа, до давање воведни зборови и произнесување за вина воопшто не дојде бидејќи одбраната има неколку приговори и барања за да ги добие сите докази кои ги предлага обвинителството.

Судијата Илија Трпков во моментот го утвдува идентитетот на обвинетите лица во овој случај.

Во воведниот говор, обвинителката Вилма Рускоска истакна дека обвинителството ќе докаже дека овие обвинети изготвиле план да го загрозат Уставниот поредок и безбедноста.

„За да добиете целосна слика за овој настан, замислете мозаик. Секој од ове обвимети, претставува коцка од мозаикот. Доколку едната коцка ја нема, мозаикот не би бил целосен и ме би функционирал. Сигурна сум дека ќе слушнеме дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски се наоѓале во штабот, Трајко Велјановски бил во собранието и не знаел за никаков план за упад во собранието. Вистината е дека Ристовски и Јанакиевски организирале превоз за поголема масивност на луѓе кои ќе влезат во собранието. Ќе ги чуете и какви пораки се испраќани при организација на овој настан“, изјави Рускоска во воведните зборови.

Рускоска воведните зборови ги заврши со цитат од Гоце Делчев.

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа“.

Обвинетиот Трајко Велјановски се произнесе дека не се чувствува за виновен.

„Не се чувствувам ни најмалку виновен. Станува за класичен политички монтиран случај од актуелната власт“, изјави Велјановски.

Дека не се чувствуваат виновни, се произнесоа и Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски.

И.Р.

Слични содржини