
Како што пишуваат руските медиуми во прашање е едно од трите пловила од Проектот 22220, што всушност се најголеми и најмоќни нуклеарни мразокршачи.

Русија е единствената земја во светот која произведува нуклеарни мразокршачи. “Сибир” е долг 173,3 метри, широк 34 метри, а со него ќе управува посада од 75 луѓе.
Според информациите на сајтот РТ, “Сибир” ќе пробива мраз во длабочина до три метри. Северниот морски пат ја скратува должината на патот меѓу Европа и Азија од 12 до 15 дена, кој во летото е прооден, додека во зима е неопходно кршење на мразот.