Руското министерство за одбрана потпиша договор со приватната воена единица на Кадиров

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за одбрана денеска потпиша договор со чеченската група за специјални сили Ахмат, еден ден откако паравоената формација Вагнер предводена од сопственикот и врховен командант Евгениј Пригожин одби да потпише таков договор, пренесеТанјуг.

Многумина единицата Ахмат ја нарекуваат приватна војска на водачот на чеченскиот регион Рамзан Кадиров, кој за разлика од Пригожин се воздржува од критики кон Министерството за одбрана, пренесува Ројтерс.

Командантот Ахмат Апти Алаудинов, кој учествуваше во потпишувањето на договорот, наводно рекол дека единицата „подготвила и испратила десетици илјади доброволци“ во Украина во последните 15 месеци од војната.

Заменик-началникот на рускиот Генералштаб Алексеј Ким по потпишувањето на договорот со Чеченците изјави дека се надева оти другите доброволни единици ќе го следат нивниот пример.

„Мислам дека ова е многу добра работа“, рече Алаудинов.

Агенцијата наведува дека потпишувањето дошло по изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, во која тој рекол дека „сите доброволни единици“ треба да ги потпишат договорите до 1 јули, со што, според соопштението, се воспоставува контрола на Москва врз приватните армии што се нејзиниот приказ на борбата во Украина.

Се додава дека доброволците ќе ги добијат истите бенефиции и заштита како редовните војници, вклучително и поддршка за нив и нивните семејства во случај да бидат ранети или убиени.

Евгениј Пригожин претходно изјави дека Шојгу не може правилно да управува со воените формации.

Тој претходно ја обвини Москва дека не му обезбедува доволно муниција на Вагнер и во неделата рече дека неговата формација нема да потпише никаков договор.

Слични содржини