Руското Министерство за одбрана се посрамоти со лажен доказ, фото од терен се покажа дека е скриншот од видеоигра

од desk2
86 прегледи

Министерството за одбрана на Русија на профилот на Twitter во вторникот објави дека има „неоспорен доказ“ за заговор меѓу САД и ИСИС во Сирија.

Притоа приложи фотографија за која тврдеше дека е од терен, но се покажа дека е скриншот од видеоигра.

„Неоспорниот доказ“ прв го поби Елиот Хигинс од истражувачкиот медиум „Bellingcat“ и се покажа дека се работи за компјутерски обработен скриншот од видеоиграта за мобилни телефони “AC-130 Gunship Simulator: Special Ops Squadron” и матна фотографија од Ирак, една година пред да се случи наводниот заговор.

Фотографиите беа објавени во вторникот на профилите на социјалните мрежи на руското Министерство за одбрана, со обвинување до Американската војска дека ги осуетила руските воздушни напади со тоа што им обезбедила заштита на борците на ИСИС додека бегале од градот Аабу Камал во Сирија на 9 ноември.

Многу медиуми го презедоа твитот на Министертвото и го објавија како вест, но за кратко време беше откриено дека станува збор за снимка од видеоиграта.

Иако Министерството за одбрана го избриша твитот и за неговата објава обвини цивил вработен на пониските нивоа во институцијата, постот остана архивиран.

Ова не е прв случај Русија да објави лажни тврдења. Во документарецот “The Putin Interviews” во режија на Оливер Стоун, Путин му покажува на Стоун видео од неговиот мобилен телефон на кое наводно руски војници се борат против ИСИС во Сирија, а тоа бил снимка од американски војници во битка против Талибанците во Авганистан во 2009 година.