Руското МНР: Протерувањето на дипломатот е непријателски чин

од Берта Китинска
322 прегледи

Руското министерство за надворешни работи, во денешната објава на Твитер, го оцени прогласувањето на дипломатот за персона нон грата како непријателски чин кон дипломатската мисија во Скопје.

„На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за персона нон грата. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат а да не влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Следуваат контрамерки“, стои во соопштението на руското МНР.

Претседателот Стево Пендаровски вели дека за случајот бил информиран од пред неколку дена, како и другите надлежни органи. „Од она што го видов, случајот беше од надлежните институции документиран, значи не стануваше збор за импровизација, меѓутоа поради природата на работата не можам понатаму да коментирам“, изјави Пендаровски.

Слични содржини