Руското министерство за одбрана го поддржува воведувањето воена обука во руските училишта, јавуваат локалните медиуми.
Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, во писмо до Сергеј Миронов, лидерот на рускиот парламент, изразува поддршка за воведување основна воена обука во училиштата, пренесува руска „Известија“.
Тој руски весник го цитира Герасимов, кој рекол дека за воена обука во последните две години од школувањето треба да се одвојат 140 часа.