Руските сили за противвоздушна одбрана соборија седум украински дронови над регионот Белгород во текот на ноќта, соопшти денеска прес-службата на министерството за одбрана на Русија.
„Вечерва беше прекинат обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со употреба на седум дронови против цели на територијата на Руската Федерација“, соопшти руското министерство, пренесува РИА Новости.
Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека украински дрон паднал во градот Губкин.