667
Рано утрово е спречен нов обид на режимот на Киев да изврши терористички напад врз цивилното население во градот Шебекино во Белгородската област во Русија, соопшти руското министерство за одбрана.
„Околу три часот по полноќ, украинските единици со две моторизирани пешадиски чети се обидоа да извршат инвазија. Три напади на украинските терористички формации беа одбиени со самопожртвуваните акции на руската армија. Единиците на украинската армија беа одбиени и претрпеа значителни загуби“, се вели во соопштението на министерството.