Руското МО: Започна обуката на мобилизираните резервисти ширум земјата

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Руското министерство за одбрана објави дека обуката на неодамна мобилизираните резервисти започнала низ целата земја, вклучително и во Ростовската област на украинската граница и на полуостровот Крим, кој беше анектиран во 2014 година.

Исто така, се додава, започна обуката и во ексклавата Калининград, која се граничи со членките на НАТО, Полска и Литванија.

Според извештаите, околу 2.000 резервисти на Крим веќе добиле оружје.

Граѓаните повикани од редовите на резервистите ги обновуваат своите вештини за ракување и одржување на оружје, како и воена и специјална опрема“, се вели во соопштението, пренесе „Гардијан“.

Беа организирани и обуки за подобрување на вештините за гаѓање, како и за подготовка на воениот персонал за „самоуверени операции на првите линии на фронтот“, се додава.

Слични содржини