Руското МЗ: Ефикасноста на Спутник V против делта сојот – 83 отсто

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Ефикасноста на вакцината против коронавирусот „Спутник V“ против делта сојот на ковид 19 е 83 отсто, изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.

– Денес вакцината „Спутник V“ ги покажува најефикасните резултати во превенцијата, во борбата против делта сојот. Најновите резултати покажуваат дека ефикасноста е околу 83 отсто. Ова се руски податоци кои љубезно ни ги дадоа нашите колеги лекари – им рече министерот на новинарите.

Според него, „вакцината практично спречува повеќе од 95 отсто од тешките форми на болеста“, а исто така спречува тешки форми на болести кои бараат хоспитализација, додаде тој.

– Односно, овој препарат е ефективен денес и продолжува да делува- заклучи министерот.

Делта сојот на ковид 19, кој првпат беше откриен во Индија, полека станува доминантен вид на коронавирус во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО) пред неколку дена.

Слични содржини