Руските разузнавачки служби се во голема акција во обид да ги повратат позициите по минатогодишното координирано масовно протерување на руските разузнавачи кои работат под дипломатска маска во Европа. Во 2022 беа изолирани повеќе од 400 разузнавачи пријавени во повеќе европски држави како дипломати.
Минатата недела финската служба за безбедност и разузнавање (СУПО) рече дека протерувањето на руските разузнавачи и одбивањето на визите за нивните замени, значително ги ослабнале разузнавачките операции на Москва во нордискиот регион.
„Руската разузнавачка станица во Финска се намали на околу половина од нејзината поранешна големина минатата година“, рече директорот на SUPO, Анти Пелтари, додавајќидека „Русија сега бара начини го компензира недостатокот преку други форми за тајни операции во Европа“.
Извори од европските разузнавачки служби за Политко велат, шефовите на руските шпиони се обидуваат да најдат начини да ја надоместат огромната загуба на амбасадите, кои, меѓу другото, имаа задача да ги „таргетираат талентите“ помеѓу локалното население во различни држави.
Целиот текст на следниот линк!