275
Во своето гостување во „Само интервју“, обвинителката Вилма Русковска, се осврна на моменталниот спор со Бугарија, односно битката на нејзините родители во НОБ.
„Моите двајца родители биле учесници во НОБ. Мајка ми била во затвор во Скопје. Исто така била учесник во ослободувањето на Скопје. Татко ми пак, бил потполковник и бил тешко ранет“, вели Русковска.
„Историјата е таа и се е документирано. Политичарите можат да истакнат секакви работи, а јас како обвинител треба да видам дали ќе се изврши кривично дело, и како би било квалификувано“, додаде таа.