Русковска: Катица одговараше за примање на пари, а не за пуштање од притвор

247 прегледи

Во своето гостување во „Само интервју“, обвинителката Вилма Русковска, одговори за здравствената состојба на Бојан Јовановски, како и тоа што Катица Јаневска одговара за примање на пари за пуштање од притвор, а не како што велат само нелегалното пуштање од притвор кој се однесува на Јордан Камчев.

„Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор. За некого можете да кажете дека е криминалец, ако е осуден. Не можете да базирате обвинение само врз основ на некои разговори. Ние имаме жалба за висината на казните“, истакна Русковска.

„Додека траеше рекет, бевме свесни што се се измислуваше за здравствената состојба на Јовановски. Судот е тој што одлучува за притворот. Не можам да чувтвувам вина, во однос на Јовановски и неговото префрлување во домашен притвор“, истакна Русковска.

„Ременски е социолог, а не правник, и целиот процес бил во рамки на законот“, додаде обвинителката.

Слични содржини