125
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска деновиве ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавните обвинители.
Русковска за неколку медиуми потврди дека го добила решението со кое не смее да се доближи до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Обвинителството неа ја суспендираше откако директорот на Финансиската полиција, кој веќе се повлече, Арафат Муареми поднесе кривична пријава против неа и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, поради неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата.
Проценката била дека само Русковска треба да добие суспензија додека трае постпаката по кривичната пријава.