Русковска ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители

од Берта Китинска
178 прегледи

Обвинителка Вилма Русковска денеска ќе се жали од републичкиот обвинител Љубомир Јовески поради тоа што ја оддалечи од работното место и ѝ покрена дисциплинска постапка.

Јавното обвинителство пред неколку дена соопшти дека е поведена дисциплинска постапка за тројца обвинители за кои „постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“.

Случувањата во обвинителството доаѓаат по претресот во Управата за финансиска полиција по што следуваа низа јавни препукувања меѓу директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, и обвинителката Русковска.

Додека трае суспензијата ќе ја менува обвинителката Лиле Стефанова.

Слични содржини